Откако 10 години штеделе, браќата Кнуст од Сиднеј на својата мајка во знак на благодарност и поклониле автомобил, за каков од секогаш сонувала.
Со овој мал поклон сакаме да и се заблагодариме на нашата мајка за се што направи за мене и Џејсон. Веќе 10 години сакам да го направам ова, а сега е реалност, напишал Даниел Кнуст од Сиднеј.
Даниел и Џејсон го објавија видеото на Инстаграм, а на него се гледа моментот кога на нивната мајка и го покажуваат автомобилот БМВ 3, замотан со црвена панделка.