БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ

_mg_2559

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески денеска на сите верници од православна вероисповед им го честиташе големиот христијански празник, Божик.

„На сите граѓани од православна вероисповед им го честитам големиот Христијански празник Раѓањето на Господ Исус Христос – Божик. Им посакувам оваа година да имаат многу здравје, бериќет, успех на секое поле и овие празнични денови да ги поминат во духовен мир заедно со своите најблиски.

Божик е исто така празник на љубовта и хуманоста и во овие денови, секој од нас, според можностите кои ги има, треба да им помогне на оние на кои помошта им е неопходна. Како локална самоуправа поделивме повеќе хуманитарни пакети на социјално ранливите категории граѓани, за да и тие достојно го дочекаат овој празник. Ваквите акции ќе ги продолжиме и во наредните денови.

Исто така посакувам оваа година да биде многу поуспешна и за Прилеп и за Македонија и да продолжиме да ги градиме европските вредности во сите сфери од општественото живеење.

Посакувам 2017-та година да биде поуспешна од минатата и на полето на економијата и дека ќе не очекуваат уште многу повеќе инвестиции и отворање на нови работни места во нашата општина.  Нека ни е Честит Божик, Христос се роди, навистина се роди“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

На православните верници Божик им го честиташе и протоерејот-ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник во Прилеп.

„Се наоѓаме во предвечерието на еден од најголемите христијански празници рождеството Христово – Божик. Божик е празник на мирот и празник на радоста. Господ Исус Христос при една прилика им порача на своите апостоли „Мир ви испраќам од небото“. Тој Мир посакувам да се всели во срцата и душите на сите наши православни христијани, да ги посети сите наши домови и општество и тој Мир да ни даде сила и да ни даде моќ во деновите кои доаѓаат за да ги поминеме благочестиви, онака како што доликува на вистински православни христијани. Христос се роди, навистина се роди“, истакна протоерејот-ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник во Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.