“Божикна серенада” – Прекрасен празничен подарок од Бигорскиот манастир и Бадниковите поворки (Видео)

Видео записот за ,,Божикна серенада” како шести по ред традиционален Божикен подарок од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки, е завршен и Ви го предаваме со најголема љубов.

Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви! Христос се Роди! Екипата, којашто со благослов на Владиката Партениј го оствари овој голем духовно-културен проект, е составена од:

режија – Дејан Пројковски, Горан Наумовски, директор на фотографија – Горан Наумовски, камера – Стојан Стојановски
асс.на камера – Александар Котевски, продукција – 2С Студио Стојан Стојановски

изведувачи: Лозано, Димитар Андоновски, Никола Перевски – Нокаут, Стефан Филиповски – Некст тајм
актери: Никола Стефанов, Благица Пупуноска, Ања Сливоски, Соња Михајлова, Митко С. Апостоловски, КУД – Илинден Битола и многу статисти.

инструменталисти: Страшо Темков – флејта, Петар Христов – кларинет, Александар Тасевски – фагот, Иван Еминовиќ – клавијатури, Весна Станоевска Миќиќ – харфа, Тимко Чичаковски – канон, Антоние Весковски – перкусии, Владимир Цветковски – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас

снимање, миксање и мастеринг: студио „Алшар”, музички инжинер: Ивица Јанкуловски, оркестрација и аранжман: Владимир Димовски

Овој видео запис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна не’ враќа во минатото на Битола, градот којшто серенадата ја има како дел од својата културна традиција.

Божикната серенада во себе го носи специфичниот богат византиски мелос. Ја пееле возрасните коледари коишто оделе од куќа до куќа и весело ги повикувале домаќините да одат во црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома.

Ова дело ќе остане вечен сведок за мисијата на Бигорскиот манастир и Бадникови поворки како народен, културен и духовен проект.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.