Божествена литургија и свечен ручек по повод патронот на бакалите во манастирот Св. Петка во Лениште

Традиционално како и секоја година, бакалскиот еснаф од Прилеп, една недела после нивниот патрон, православниот празник Св. Три светители, даваат свечен ручек и служат литургија во некој од прилепските манастири. Оваа година одбележувањето беше во манастирот Света Петка во селото Лениште.

_MG_6677

Бакалите велат дека оваа нивна традиција потекнува уште од 1954 година, кога е и формирано бакаллското здружение. Инаку бакаласкиот еснаф е еден од најголемите и најорганизирани еснафи во Прилеп.

_MG_6750

_MG_6749

_MG_6747

_MG_6728

_MG_6725

На одбележувањето во манастирот Св. Петка во селото Лениште присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој на бакалите уште еднаш им посака многу здравје, среќа и бериќет.

_MG_6714

_MG_6703

_MG_6699

Домаќин на годинашното празнување е сопственикот на компанијата „Шопе Комерц„ Емил Шопески, кој го истакна своето задоволство и чест, што беше домаќин, и го предаде своето кумство на бакалот, Стојан Петкоски, кој ќе биде домаќин наредната година.

_MG_6684

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.