Богојески: Бугарскиот јазик во Македонија треба да биде службен јазик

Бугарскиот јазик во Македонија треба да биде службен јазик, за да може македонските Бугари да се обратат на мајчин јазик и на тој јазик да добијат одговор, вели Петар Богојески од политичка платформа „Македонски концепт“ во интервју за бугарски “Фактор”

Според него, македонскиот и бугарскиот биле два клона на едно исто стебло, наследници на еден ист св. Климентов јазик.

Тој вели дека се залага официјални јазици да бидат сите јазици кои граѓаните ги препознаваат како мајчин јазик, плус англиски.

Доколку македонските Бугари декларираат дека е неопходно, тогаш во Македонија може да се воведе како службен јазик и бугарскиот. Ние сметаме дека ако еден граѓанин се обрати на државата на бугарски, редно е да добие и одговор на бугарски, плус македонски, заради понатамошна административна употреба на одговорот. Тоа се однесува на сите јазици. Нема да има спор за официјалниот јазик од територијата на Македонија или во целата држава, вели Богојески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.