„Богородичната црква во Париз“ претстава на гимназијата “Мирче Ацев” која долго ќе се памети (ФОТО)

2216

Месец Март е месец на Франкофонијата, месец на празнување на францускиот јазик во земјите во кои се изучува, а не е мајчин јазик. По тој повод традиционално, гимназијата „Мирче Ацев“ организира Француска вечер. Оваа година гимназијалците и професорите приредија претстава на француски јазик која долго ќе се памети.

2129

Гимназијалците се претставија со музичката драма „БОГОРОДИЧНАТА ЦРКВА ВО ПАРИЗ“

2130

2136

2138
Салата  на театарот „Војдан Черндрински“ беше претесна да ги прими сите заинтересирани посетители. Меѓу посетителите беа градоначалникот на Прилеп, Г-дин Марјан Ристески, Г-ѓа Марија Николова – координатор за Франкофонија во Министерството за образование, Г-ѓа Елисавета Поповска – претседател на здружението на професори по француски јазик и Амбасадорот на Република Франција, Неговата Екселенција, Господинот Кристиан Тимоние.

2178

2179

2181
Оваа е прва посета на висок странски дипломат на настан организиран од прилепската Гимназија. На учениците и вработените во Гимназијата им е посебна чест и му изразуваат голема благодарност за неговото присуство.

2191

2214

2215

На почетокот на настанот во знак на сеќавање на Евалина Блажеска, која беше ученичка при Гимназијата, а која за жал трагично и премногу рано го изгуби својот живот, Прилепската пиварница под покровителство на Г-ѓа Панде Самарџиоска, мајка на Евалина, додели годишни донации на пет ученици, матуранти при Гимназијата.

2172

Потоа следуваше музичката драма, моментот кој сите со нетрпение го очекуваа.

Низ песна, танц и глума, под шаренило од бои, со прекрасна сценографија и кореографија, гимназијалците еден час им го земаа здивот на присутните во публиката. Различни чувства, овации и аплаузи ја исполнуваа салата во театарот до крајот на претставата.

Ова беше несекојдневен театарски настан. Гимназијалците со овој мјузикл, го доловија француското општество и раскажаа една љубовна приказна, опишани во делото на Виктор Иго.

2176

Незаборавен е настапот на Симеон Мерипушкоски кој во улога на Квазимодо изнуди и по некоја солза во публиката. Бистра Петреска како Есмералда со музичкиот настап и глума ги воодушеви сите гости, а раскажувачот, балетот и останатите исполнители го направија овој прекрасен настан, настан за кој долго ќе се зборува.

2216




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.