Богато културно – спортскo лето во Прилеп: Забава за сите генерации

IMG_3628

Прилеп со низа културни и спортски манифестации е подготвен ова лето
да привлече уште поголем број на туристи, љубители на манастирскиот,
алтернативниот и фестивалскиот туризам. Центарот за култура „Марко
Цепенков“ и локалната власт најавија преку 60 различни културни и спортски  настани, главно на отворена сцена, со цел културата да биде поблиску до публиката, а алтернативните спортови да го направат овој регион, Прилеп, Крушево и Кривогаштани, што попривлечен за љубителите на екстремните спортови.

IMG_3641

„Викендов Прилеп и Долнени го отвораат летото со значајниот феситивал
на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски, а на 10 -јули во Прилеп се подготвуваме за „Македонскиот иселенички фестивал“, единствен во Македонија од овој тип, каде ќе пејат и свират Македонците иселеници, потоа следува „Пивофестот 2016“ од 14 /17 јули, како еден од најатрактивните манифестации на Балканот, каде очекувааме и оваа година над 350.000 посетили, што е вообичаена бројка за оваа манифестација. На 21 –ви јули. ќе се одржат традиционалите „Македонски чалгаџиски песни“ на камената бина на отворено, а на 25,26,27 август, ќе започне петиот по ред „Џез фестивал“- нагласи градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, поканувајќи ги сите добронамерници ова лето да го посетат Прилеп.

IMG_3630

„Со низа културни преформански, изложби, театар, музички изведби,
концерти, филмски проекции, учество на хорот „Злата Мегленска„ на 7- ми
јули, Концерт на старогратска музика на КУД Пензионери и КУД “Сирма
Војвода, на 12 августи, ликовната колонија „Дрен„, од 22 јули, која се сели во
Прилеп да биде поблиску до публиката, но да овозможи и користење на други уметнички техники (вајарство, графика, видео бимови и сл.), се само дел од културните настани кои ќе го збогатат ова културно жешко прилепско лето“ – посочи директорот на ЦК „Марко Цепенков„ г-дин Тони Чатлески.

IMG_3642

ПРИЛЕП, ЕДИНСТВЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА, ЧЛЕН НА СВЕТСКИТЕ ФЕДЕРАЦИИ
НА АЛТЕРНАТИВЕНИ СПОРТОВИ И ТУРИЗАМ

Покрај културните случувања Прилеп заедно со соседните општини
Крушево и Кривогаштани, ова лето ќе понудат и многу спортски настани. Веќе од 17 до 30 јули во овој регон ќе се оджи 19-то Европското првенство во змајарство и 5-то Светско првенство во змајарство, каде се очекуваат над 1000 учесници, змајари.

Од 8 до 20 август, во Прилепско-кривогаштанскиот и крушевскиот регион
ќе биде организирана и 14-то Европско Првенство во параглајдерство, а во
истиот тој период од 19 до 21 август, ќе се одржи велосипедската планинска
трка “Куршево низ корија”, додека пак од 15 до 27 септември, Прилеп ќе биде домаќин на ултра маратонот.

IMG_3636

Со овие спортски активности Прилеп станува попривлечна дестинација
за љубителите на алтернативниот туризам, а од неодмана единствена
општина од Македонија, која стана членка и е на мапата на Светски
федерациии на алтернативни спортови и туризам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.