Празникот Богојавление-Водици, има голема традиција на празнување во Прилеп. Главниот водосвет и оваа година се одржа во базенот кај хотелот “Салида”, каде пријавени имаше 130 учесници.
Најсреќен меѓу нив и прв до светиот крст стигна Бобан Тошески.
Тимот на Маркукуле му посакува да го следи среќа, здравје, мир и благосостојба.
Нека е за многу години! Бог се јави!