Блерим Ислами ја презеде градоначалничката функција во општина Долнени

Новиот градоначалник на Општина Долнени, Блерим Ислами, денес и официјално ја презеде функцијата. На примопредавањето присуствуваа претставници од општинската администрација, советници, како и жители на општината.

Ислами како кандидат на ВЛЕН, во вториот круг на локалните избори го победи Сашко Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ислами власта во оваа општина ја презеде од ДУИ и досегашниот градоначалник Урим Ибески. Интегративците општина Долнени ја водеа во изминатите 8 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.