Блатер откри како УЕФА лажирала ждрепка со ладни и топли топчиња!

Сеп Блатер во интервју за весникот „Блик“ истакна дека бил сведок на лажирање на ждрепка за европски купови, со помош на топчиња со различна температура.

 

sepp-blater

Дали можеш да лажираш ждрепка за одредено натпреварување, иако милиони луѓе гледаат на ТВ? Да, јас го видов тоа со свои очи. Стануваше збор за европски натпреварување и можам да кажам дека беше направено во корист на една италијанска екипа. Тоа се прави на тој начин што топчињата што треба да ги извлечеш се или потопли или поладни од останатите. Бев сведок на таков настан. Лично никогаш не сум учествувал во такво нешто, впрочем јас никогаш не сум бил дел од извлекување на групи токму за да избегнам вакви сомнежи“ – истакна Блатер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.