Благодатниот оган од Светиот гpoб во Ерусалим вечерва пристигна и во Прилеп, во храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис.
Огнот кој секоја година на Велика Сабота слегува во Христовиот гpoб, оваа година за прв пат беше преземен од црковна и владина делегација од Македонија.
Околу 20 часот благодатниот оган беше донесен на аеродромот во Скопје, а потоа беше пренесен во сите црковни епархии ширум земјата.