Благодарност на градоначалникот Марјан Ристески за регуларниот тек на изборите во Прилеп

6535-pocityvani-moi-sogragzani-ziteli-na-opshtina-prilep-960x600-1

Почитyвани мои сограѓани, жители на општина Прилеп!

Како градоначалник на град Прилеп сакам да Ви се заблагодарам на сите Вас кои на денот на изборите покажавте дека Македонија е демократска држава, a Прилеп и прилепчани излегоа масовно и без никакви притисоци слободно ја изразија својата волја, демократски гласаа за понудите на политичките партии и ја избраа онаа понуда за која оценија дека нуди попросперитетна иднина за Македонија и за нашиот град.

Сите ние, сме свесни за настаните што се случија во земјата изминатите две години. Сите притисоци што како држава ги имавме и однадвор и одвнатре. Тоа треба да биде поука за сите оние кои што се во политиката, за сите кои што имаме обврска да се грижиме за просперитетот на Прилеп и на Република Македонија.

Свесни сме за сите предизвици што постојат во нашиот регион и пошироко и затоа ни се неопходни институции со полн капацитет кои ќе се справат со сите предизвици.
Уште еднаш, им се заблагодарувам на сите граѓани без разлика на вера, националност и политичка припадност, на сите кои излеговте и допринесовте овие избори да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера без никакви инциденти.

Со овие избори конечно излегуваме од политичката криза и да се посветиме на нашите стратешки цели односно да ја продолжиме евроатланската агенда на највисокото место и како највисок приоритет за нашиот град и нашата држава.

Прилеп продолжува со реализација на сите идни и најавени проекти, проекти кои ќе го разубават и подобрат градот и животот во него, продолжуваме со нови инвестиции и вработувања, инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортски терени и спортски сали, развој на земјоделието, туризмот… развој и подобрување на целокупното живеење на нашите сограѓани.

Сите заедно со срце и душа посветени за европски Прилеп и европска Македонија!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.