Убавината на македонската традиционална облека и везови ќе биде претставена на изложба во Етнографскиот музеј во Дубровник, до 6. декември, а изложбата е наречена “Скриеното богатство на Македонија”.
Со оваа изложба, музеите во Дубровник претставуваат бројни текстилни и други ракотворби, собрани во Македонија на крајот на 19 и 20 век, како и во текот на 50-тите и 60-тите од минатиот век. Сите експонати се дел од колекцијата или музејските збирки сочувани во Дубровник.
Изложбата е дел од истражувањето на текстилните ракотворби и нивните трансформации во различните културни и историски реалности. Целта е да се потенцира придонесот на хрватските истражувачи во собирањето, заштитата, зачувувањето и презентацијата на македонските народни носии како национално културно наследство и општо добро на сите словенски народи од Југоисточна Европа.
Покрај музејските експонати, на изложбата има и вредни примероци од сопствениците на ансамблот за фолклор „Линџо“, како и приватни колекционери.
Автор на изложбата е Бранка Хајдиќ, додека изложбата е потпишана од Ивона Михл. Во реализацијата на изложбата помогнаа и етнолозите од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеите во Битола.
ФОТО/BOŽIDAR GJUKIĆ