Во процесот на образование, најважно е децата да ги имаат најдобрите можни услови.
Токму затоа, спортските обложувалници “Евротип” и “Голд Слот” клубовите се одлучија на потфат во основното училиште „Даме Груев“, каде е извршена целосна реконструкција на тоалетите.
Имајќи ја предвид и годината во која се соочивме со голема пандемија, сепак и двете компании со ентузијазам ја продолжуваат со својата општествено одговорна мисија, создавање на што подобри услови за сите.
Препозната беше потребата за реакција во ова основно училиште, каде тоалетите беа во доста лоша состојба претходно, а сега пред крајот на оваа календарска година, целосно се санирани машките и женските тоалети.
Покрај тоа, не беше заборавена ниту предновогодишната еуфорија на најмладите, па “Евротип” и “Голд Слот” им доделија и новогодишни пакетчиња на учениците во ова основно училиште.
“Евротип” и “Голд Слот” и понатаму ќе продолжат со помагање на оние на кои помошта им е најпотребна, а на децата од основното училиште „Даме Груев“ им посакаа многу успеси во училишните клупи.
Eве како изгледаа тоалетите претходно: