Би го пиеле ли? Пиво напpaвено од гpaшок и зелка стана вистински Божиќен хит во Исланд (Фото)

Божиќно пиво направено од грашок и маринирана црвена зелка на Исланд во предбожиќниот период тана хит меѓу купувачите, а од полиците во маркетите го снемало за неколку часа.

Божиќното пиво Ора го прозиведува малата пивара во Рејкјавик.

Исландската божиќна трпеза е наполнета со ова пиво, а истата се состои токму од грашок и црвена зелка кои се послужуваат со димен јагнешки бут и карамелизиран компир.

Новото пиво со 5,2 проценти алкохол е идеја на Валгеир Валгеирсон.

Добрата репутација ја стекнал изминатите години кога на пазарот се појави популарното божиќно пиво од алги, кора од божиќно дрво, па дури и сушени риби.

Ова е прв пат главната состојка на новото пиво, грашок и зелка да се помеша со хљем, јачмен и зачин каранфилче.

Правата серија од 6.000 лименки од новото пиво е продадено за само неколку часа, а кратко потоа се продадени уште 18.000.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.