“Би-Би-Cи” го cмecти Џани Aлиocки во дpим тимот на гpyпната фаза на Евpoпcкото пpвенcтво

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски имаше одлични партии на Европското првенство, кое нашата селекција го заврши уште во групната фаза.

Фудбалерот настапи на сите три натпревари на ЕП за нашата репрезентација и неговиот одличен учинок беше запишан во бележникот на елитниот британски медиум „Би-Би-Си“.

Токму името на Алиоски се најде во најдобриот тим во групната фаза на континанталниот собир, заземајќи ја левата бековска позиција.

Според британскиот медиум најдобар голман досега на ЕП е Каспер Шмајхел од Данска. Во одбраната друштво на македонскиот репрезентативец му прават Спиноза од Италија и Кјаер од Данска. Средниот ред е закажан за Клих од Полска Де Брујне од Белгиија, Вајналдум од Холандија и Локатели од Италија, додека нападот е составен од Имобиле од Италија, Лукаку од Белгија и Исак од Шведска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.