Честа појава е кражбата на засадените цвеќиња низ градските паркови.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од Битола на кои како што тврдат твитерџиите дека граѓаните сред бел ден крадат темјанушки.
Не се со ураниум цвеќињата во Битола , бруки идни …Ај де ве прославам … pic.twitter.com/OnFNFy1vmL
— ?Зоки Поки? (@TheZokiPoki) May 19, 2021
Откако некои граѓани на социјалните мрежи се обидоа да ги одбранат и пишуваа дека жените не краделе, туку ЈКП Комуналец Битола им дозволил да ги берат цвеќињата, се огласија и од јавното претпријатие.
-Случајот е пријавен во полиција, даден е налог да се постапи. Добро е тоа што не е многу оштетен системот за наводнување, а за штетата, ќе речам само дека цвеќето нема цена – вели директорот за “ФОКУС”.