Битолчанката Оливера Наковска Бикова ќе биде единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз

Оливера Наковска – Бикова од Битола која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и за запозна со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во кои таа ќе се натпреварува.

Преседателката и го предаде македонското знаме, кое нашата олимпијка ќе го развиори во Париз.

-Македонското знаме гордо ќе се развее на Летните параолимписки игри во Париз 2024. Ми беше чест и задоволство да поразговарам со нашата спортска легенда, Оливера Наковска Бикова, во пресрет на учеството на најпрестижниот спортски настан. Веруваме во нејзиниот успех – напиша Претседателската Сиљановска на ФБ.

Оливера Наковска – Бикова освои златен медал во 2012 година во Лондон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.