Битолчани немаат мир! Попладнево одново пламна пожарот кај обиколницата

Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола, постојано се на терен и работат на ставање на ситуацијата под контрола и локализирање на пожарот – стои во соопштението кое попладнево пристигна од општина Битола.

-Паралелно се врши и координација со општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, повторно најавена е воздушна поддршка во гаснењето на пожарот – се вели во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.