По настапите во Челинџ Купот и ЕХФ Купот, ракометарите на Еурофарм Работник годинава ќе дебитираат во натпреварите од Лигата на шампионите. Денеска во Виена беа извлечени групите за првата фаза од натпреварувањето.
Ц група: Еурофарм Работник, Савехоф, Татран Прешов, Кокс, Бидасоа Ирун, Спортинг Лисабон
Д група: Динамо Букурешт, Кристијанштад, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Висла Плок, ГОГ Гудме
Првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите ќе се игра од 11 до 15 септември, а финалниот турнир е во мај следната година во „Ланксес Арената“ во Келн.
Имено, битолскиот клуб има намера да ја побара салата под концесија од Општина Битола и да ги перфекционира недостатоците. Иако изградена во 70-тите салата „Боро Чурлевски“ ги исполнува барањата на ЕХФ, па во ноември минатата година македонската репрезентација одигра официјален натпревар по една ипол деценија во Битола. Пролетва во рамките на групната фаза на ЕХФ Купот, Еурофарм Работник беше домаќин на Хановер, Татабања и Нексе Нашице во Битола, а од ЕХФ доби највисоки оценки за организацијата – објави “Гол.мк”