Стојче Т. Георгиевски oд Битола, на својот Фејсбук профил вети награда од 1.000 евра за оној што ќе го пронајде, или ќе даде точна информација каде е неговиот загубен миленик.
Се работи за златниот ретривер Џиџи (женка), која веќе 20-тина дена ја нема, а нејзиниот сопственик очајно бара помош.
Стојче ветува награда од 1.000 евра за оној кој до среда (01.12.2021), ќе ја донесе или ќе даде точна информација каде се наоѓа неговата Џиџи.