Вчера во 17.10 часот на булеварот „1 Мај“ во Битола, 35-годишниот К.Р. управувајќи мопед „Априлиа“ со битолски регистарски ознаки, удрил во куче скитник и паднал на коловозот.
Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.