Битолчанец со пиштол му се заканувал на обезбедувањето од бензиска пумпа

Секторот за внатрешни работи Битола – Отсек за општ криминал при СВР Битола денеска (20.06.2024) поднесе кривична пријава против Г.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, казниво по член 133 од Кривичниот законик.

На 18.06.2024 во 22.30 часот на бензинска пумпа во Битола, по претходна расправија со вработените во агенција за обезбедување во објектот, пријавениот им се заканувал со огнено оружје – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.