Битолчанецот кој од воздух цел ден денес се бореше со огнената стихија се обрати до своите сограѓани: “Посебно сум среќен на вашата поддршка”

“Вечерва сум посебно среќен затоа што добив огромна поддршка од моите сограѓани и пријатели од мојата Битола. Ова ми дава сила да продолжам понатаму да се борам со огнената стихија која ја погоди Битола и цела Македонија. Не смееме да заборавиме да им оддадеме чест и поддршка на сите кои беа долу и се бореа со огнот без престан. Тие се вистински херои! Ви благодарам на сите за убавите зборови”, напиша на својот ФБ Васко Михалчев, битолчанецот кој со еден од канадерите постојано се бори со огнените стихии ширум државата, а вчера цел ден водеше борба со огнената стихија над обиколницата кај Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.