Битолски театар го реконструира патот до Ротинското езеро за премиера на театарска претстава (ФОТО)

По повод премиерата на претставата „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски, која ќе биде изведена до Ротинското езеро, Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, започна со реконструкција на патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава.

Уште еден доказ дека театарот го менува светот.

„Театарот не е професија, театарот е начин на живот. Голема благодарност до сите кои деноноќно работаат на логистиката на 25 јули да се случи спектакл, благодарност до Општина Битола – за довербата и безрезервната поддршка и до сите јавни претпријатија и приватни компании кои секојдневно помагаат во реализацијата на овој проект. Да живее театарот“, изјави директорот Васко Мавровски.

Во комедијата која е по текст на Карло Голдони, играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.