На 08.09.2018 година во спортската сала во Дебар ќе се одржи професионален боксерски спектакл. Во главната борба за светска титула во средна категорија во WBU верзијата ќе настапат Гјетан Кета од Германија против Слаѓан Јанјанин од БиХ во 12 рунди.
На овој настан ќе настапи и нашиот најдобар боксер во супер лесна категорија Денис Муаремовски против Михајло Рајич од Србија.
Оваа борба за Денис е многу важна за подобрување на скорот во светската професионална боксерска ранг листа.
Планирано е до крајот оваа година Денис да има уште две или три борби, па за наредна година се размислува за борба за некоја титула.