Битолскиот боксер Денис Муаремовски триумфираше со технички нокаут во прва рунда, а боксерите на прилепскиот боксерски клуб “АС” супериорни во Штип (ФОТО)

Во саботата на 08.09.2018 во Дебар се одржа професионален боксерски спектакл, со преполна сала и организација на највисоко ниво .

35-годишниот боксер од Германија со албанско потекло Ѓетан Кета е нов светски шампион во средна категорија во ВБУ верзијата, откако во спортската сала во Дебар го доби мечот против Слаѓан Јањанин од Босна и Херцеговина со технички нокаут во петтата рунда.

Нашиот најдобар боксер во суперлесна категорија Денис Муаремовски пак триумфираше со технички нокаут во првата рунда над српскиот боксер Михајло Рајиќ.

Со оваа победа се покачи и рангот на нашиот боксер. Планирани се уште неколку борби во 4 рунди, а потоа планот на боксерот од Битола е влез во потешки борби со по 6 рунди, а со тек на време и борба за титула.

Делегати на овој настан беа Дарко Чатлески и Тостен Книл од Германија претседател на Светката Боксерска Унија, бодовен судија на главната борба Ѓорѓи Чатлески.

Исто така изминатата сабота се одржа и петтото коло во бокс од боксерската лига на Македонија, кое се одржа во Штип.

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп учествуваше со шест боксери од кои:

пионерот Димитар Ангелески, кадетите Дамјан Талимче, Бојан Станојоски и Трајче Илиоски, јуниорот Менан Амедоски и сениорот Серхан Џафероски.

На ова коло противник немаше само Бојан Станојоски. Другите боксери издвојуваа победи, освен Серхан Џафероски.

Најатрактивна беше борбата на Трајче Илиоски, која заврши со прекин во првата рунда во корист на нашиот боксер.

Со овој резултат ги зголемивме бодовите, а останавме на второто место после БК “Баргала”-Штип. Имаме уште три кола до крајот на лигата и се надеваме на првото место. Aко се случи тоа ќе биде за прв пат во историјата на боксот во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.