Со свеќа предизвикал експлозија во станот. Инцидентот се случил вчера околу 14,00 часот во Битола, на ул.„Васко Карангелевски“ во станот сопственост на И.Т.
Како што информира МВР, од запалена свеќа која била поставена на машина за перење се запалил држач на кој биле поставени спрејови, дезодоранси, пена за бричење и спрејови за астма, по што дошло до експлозија во купатилото.
Во експлозијата уништени се надворешната врата и вратата од тоалетот, како и сите прозори од дневната соба се искршени.
Повредни лица нема.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.