Битола покажува како се работи, ова е новогодишната атмосфера од синоќа – Прилеп се’ уште се загрева (Фото/Видео)

Вчера на платото пред Офицерскиот дом се одржа првата вечер од Зимската приказна, која наиде на голем одзив кај битолчани.

Атмосферата се загреа со настапот на диџеите dj RICARDO, T- ZOBE , Acika DANNY– L, а кулминираше со настапот на битолската група Фолтин.

Иако синоќешните температури се спуштија под нулата, тоа не ги спречи битолчани да уживаат во музичката програма и да ја почувствуваат енергијата и магијата на предновогодишното празнување.

Зимската приказна, како што ја нарекоја од општина Битола, деветдневната богата новогодишна понуда, продолжи и денеска со децата од “TРА ЛА ЛА”, па со детската театарска претстава “СНЕЖНАТА КРАЛИЦА ВО СВЕТОТ НА СЛАТКИТЕ”, a вечерва настапуваат “МЕЛОС БЕНД”, “Дуо АМАНЕТ”, “ПАПАЛ”, НИКОЛА ЗАЦЕСКИ & група “МЕЛЕМ”, група “ГРОМ” и DJ NITXH ATI.

На просторот пред Офицерски има штандови за топли наптоци, слатки задоволства, книги, а тука е Дедо Мраз.

Целосната програма на “Зимската приказна” во Битола можете да ја погледнете ТУКА, а повеќе фотографии и видеа погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.