Битка за вселената: Милијардерите во трка за вселенските летала

Американската вселенска агенција НАСА побара од три приватни компании да започнат иградба на летала, а оној што ќе биде најдобар ќе биде првиот што ќе ги носи луѓето до Месечината.

Како што пишува лондонски Индепендент, НАСА одбра три компании кои ќе ги развиваат своите вселенски летала, во рамките на планот за испраќање на космонаути на Месечината во 2024 година. Целта е тоа да се користи како база за продолжување на патувањето кон Марс.

Компаниите кои ќе прават свои летала се “SpaceX” на Елон Маск и компанијата “Blue Origin” од Вашингтон, која ја основал директорот на Амазон, Џеф Безос и “Dynetics” од Алабама.

Во наредните 10 месеци компаниите ќе го усовршуваат својот концепт на летала, а НАСА ќе одлучи кој прототип на летало ќе биди тестиран прв.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.