Битиќи: Повиcoките цени на пpexpaмбените пpoизводи не тpeба да ги загpижyвaaт гpaѓаните

Вицепремиерот за економски прашања, Битиќи при вчерашната посета во Битола рече дека ги следат состојбите со покачувањето на цените на храната, но евентуални мерки ќе бидат преземени после изборите.

-Ги следиме бурно состојбите, мора да кажам тоа што секоја година имаме изборни процеси не секогаш сме во можност да реагираме кога секогаш е најпотребно затоа што различно се толкуваат нашите одлуки. Ние планираме и разговараме секојдневно со различните чинители после изборните процеси да преземеме одредени мерки, не би сакал да зборувам денес бидејќи различно може да се толкува, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер.

За најавените покачувања на храната вели:

-Мислам дека во овој момент е под контрола и од аспект на зголемување цени и од аспект на инфлација граѓаните не би требало во овој момент да бидат загрижени затоа што сите показатели укажуваат дека нема да имаме ценовни шокови кои би можело да влијаат, но да завршат изборите ќе зборуваме за многу подобри работи тогаш
Битиќи потенцираше дека државата во пазарна економија во принцип не би требало да се меша во условите во пазарната економија, но вели дека интервенирале секогаш кога е тоа возможно преку различни начини на интервенција, а пазарните начела да не се нарушуват.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.