Бисера е најголемиот борец од Прилеп: Успешно закрепнува на клиниката “Жан Митрев” (Видео)

Бисера е доенче старо 6 месеци со повреќекратен престој на Клиниката за детски болести, и еден претходен престој во клиниката “Жан Митрев” поради оклузија на десната брахиална артерија пропратено со некроза надисталните фаланги на вториот и третиот прст десно.

При овој прием Бисера дојде, хипотрофична, хипотонична, вознемирена, со намеалено поткожно ткиво (тенка кожа) со бројни хематоми од претходни боцкања. Бисера отежнато дишеше и имаше изразен интеркостален тираж. Психо-моторниот развој кој многу заостануваше за нејзината возрас од 6 месеци. Бисера имаше и пареза на левата рака. На приемот кај нас Бисера тежеше 2920 грама – вели доктор Ѓорѓи Филев, педијатар во Zan Mitrev Clinic.

По првичните обемни лабораториски, микробиолошки и имиџинг иследувања почнавме Бисера да ја храниме со хиперкалориска и антирефлуксна формула во почеток со помали дози кои постапно се зголемуваа Ја храневме преку назогастрична сонда затоа што Бисера го имаше изгубен рефлексот за цицање.

Хроничниот белодробен наод е лекуван со инхалации со бронходилататори кој Бисера добро ги поднесе и во тек на следните денови постапно со подобрувањето на дишењето се намалуваше кислородната подршката.

По добивањето на позитивните микробиолошки наод од грлото и хемокултурата кај Бисера е вклуичена и антибиотска тепија надополнета и со пробиотик за да не се наруши природната цревна флора.

Интензивно е спроведувана и физикалан терапија за подобрување на моториката и воопшто на циркулацијата низ целото тело, по што Бисера беше се повесела и се повеќе се гледаше насмевка на нејзиното лице. После десетина дена ја повикавме и нејзината мајка и сега се тие две заедно грижејќи се за здравјето при тоа следејќи ги препораките на нашите доктори.

Во овој краток период во нашата клиника на наше огромно задоволство можеме да информираме дека Бисера ја зголеми својата телесна тежина од 2920 грама на 4000 грама.

Сепак, и покрај позитивниот резултат во психо-моторната и здравствена состојба кај Бисера престои уште терапевски процедури кој треба да се спроведат за да може целосно да се излекува.

Максимално ќе се грижиме и понатаму за овој наш мал пациент за што ќе ја информираме јавноста, пренесуваат од Клиниката Жан Митрев.

За состојбата на Бисера откако е преместена од Универзитетската клиника за детски болески на клиниката “Жан Митрев”, на Фејсбук се обрати и нејзината мајка.

“Добра ви вечер, добри луѓе! Еве помина месец дена откако Бисерче ја немаме видено и скоро три недели откако престојува во Клиниката Жан Митрев. Денес мама и Бисера се споија. Денес поради вашата добра душа и човечност Бисерче стигна до 4000гр, а беше примена со 3330гр. Дишењето и е доста подобрено, но сеуште се бориме со бактериите.. Бидејќи се работи за лекување, добри резултати веднаш не можеме да добиеме, но Бисерче е борец така да со господ напред и ваша помош ќе се бориме заедно со неа. Тешки моменти за нас, тешки моменти за сите, од сѐ срце сме му благодарни на Sasha Milenkovski Antoniela Markoska Premcheski и Златка Вељаноски кои успешно го спроведоа акциите за донации, за да можеме ние да го отпочнеме тука лекувањето, нормално благодарност до сите што ни даваат поддршка, донираат и се тука за нас. Господ само знае колку ни значи. Нека дава здравје на сите..?
Во МК сеуште нема отворено бројчиња за донации, одиме чекор по чекор бидејќи веќе имаме собрано средства за овој период. Како ќе се одвива лекувањето така ќе известуваме. Имајте пријатна вечер. Бисерче ви испраќа љубов на сите”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.