Во услови на пандемиja, кога дневниот просек на новозаболени е 800 лица, а просекот на починати од последици на виpycoт е 30 лица, само идиот со потпросечна интелегеннција, без емпатија и непочитувач на законот би облекол сканфандер – кој патем кажано штити од зapaза, но не ги штити другите од зapaзување – и би се упатил во Собрание каде постои можност да ги зарази сопствените колеги, со една и единствена цел – правење драма и политички поени, пишува Инфомакс.
Пратеничката од редовите на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска која е позитивна на KOBИД19 и со решение на изолација, пристигнала во Собранието на Р.Македонија во скафандер. На социјалните мрежи се пофали и со фотографија, а напиша и драматичен текст во кој таа го објаснува нејзиниот порив да им помагала на граѓаните и стопанството, притоа загрозувајќи го јавното здравје, здравјето на нејзините колеги и прекршувајќи низа на закони.
Извор: infomax.mk