Николас Кејџ бил исфрлен од ресторан во Лас Вегас, бидејќи по грешка, велат сведоците, мислеле дека е „пијан бездомник“.
„Сан“ објави снимка од персоналот на ресторанот „ Lawry’s Prime Rib “, како го исфрлаат актерот од ресторанот. Кејџ бил во алкохолизирана состојба, тврдат сведоците, а инцидентот се случил минатата недела.
Очевидци за The Sun велат дека актерот пиел виски и текила, а потоа станал борбен. На снимката се гледа како седи на каучот во леопард панталони и апостолки, а потоа почнува да вика.
“Бевме во тој бар кога забележавме момче за кое првично мислевме дека е пијан бездомник. Се однесуваше лудо. Бевме шокирани кога подоцна се покажа дека е Николас Кејџ. Тој беше целосно распаднат и се расправаше со персоналот. Беше во многу лоша состојба и шеташе бос. Персоналот ни кажа дека пие текила и виски. Викаше по луѓето и се обиде да се бори, а потоа вработените побараа да си замине”, велат сведоците.
“Беше толку пијан што едвај ги носеше апостолките пред да го испратат. На крајот, еден од гостите во ресторанот го однесе дома”, додаваат тие.