„CEO Magazine“ пишува дека Бенџамин Френклин е првиот кој го применувал ова правило. Фокус на овој концепт е едночасовно учење во текот на денот. Освен тоа, Френклин бил посветен и на експерименти за да оствари личен прогрес.
Основачот на консултанстката компанија „Импакт“, Мајкл Симонс, инспириран од Френклин го разработил правилото „пет часа“. Тој порача дека за човекот е штетно да не учи најмалку пет часа неделно во 21-от век.
Со оглед на големото знаење, не изненадува тоа што многу бизнисмени го прифатиле ова правило. Еден од нив е мултимилијардерот Бил Гејтс, кој годишно чита повеќе од 50 книги. Уште еден милијардер е Ворен Бафет, кој дневно чита по шест часа, додека полнолетните Американци читаат во просек по 20 минути.
Примената на ова правило подразбира дневно да се чита по еден час или неделно околу пет часа да се учи некоја нова вештина, пишува „CEO Magazine“.