Основачот на “Мајкрософт” Бил Гејтс на основа на бројни податоци тврди дека во иднина луѓето кои се занимаваат со наука, инженерство и економија многу лесно ќе пронајдат добра работа.
Луѓето кои имаат знаење во овие области ќе бидат “носители на промените на сите институции”, изјави Гејтс.
“Притоа не мислам на основно познавање на науката, математиката и економијата.
Не мора да бидете експерт во кодирање, но способноста да размислувате на сличен начин како експертите кои тоа го можат многу ќе ви помогне.
Не е нужно да пишувате кодови, но мора да разбирате што работат инженерите и што се можат и не можат”, објаснува тој”.