“По завршувањето на пандемиjaта од кopoнавиpycoт, ќе има дури 50% помалку службени патувања, додека ќе се зголеми процентото на оние кои работат од дома”, прогнозира еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс.
Тој за “Бизнис Инсајдер” вели дека по завршувањето на пандемиjaта ќе има 30% помалку канцелариски работни места.
Основачот на “Мајкрософт” смета дека фирмите ќе го подигнат прагот за службени патувања по здравствената kpиза, но дека приватните состаноци ќе се одржуваат само ако се навистина важни.
“Мајкрософт” минатиот месец најави дека ќе ги откаже своите бизнис патувања по пандемиjaта, како и дека вработените во оваа компанија ќе работат од своите домови.
Воведување на сличен модел на работа најавија и други компании како Твитер и Фејсбук.