Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, верува дека значителното подобрување на состојбата во САД е многу поадлеку од очекувањата на луѓето и покрај тоа што вakцината за Koвид-19 беше одобрена и дистрибуирана оваа седмица.
Гејтс, кој преку своите непрофитни организации донираше милиони долари за истражување на виpycoт, вели дека до лето 2021 година САД би требало да биде многу поблиску до нормалниот живот, отколку сега, но исто така, животот ќе севрати целосно во нормала дури во 2022 година.
Милијардерот во неделата на СиЕнЕн рече дека ќе постои ризик од враќање на виpycoт во САД ако не им помогнат на другите држави да се ослободат од оваа болecт и ако процентот на вakцинирани не биде висок.
На прашањето “Колку Koвид-kpизата ќе влијае на луѓето во наредните неколку месеци пред вakцината да биде широко достапна”, Гејт одговори: “Па, за жал, следните четири до шест месеци би можеле да бидат најлоши”.
“Носењето на маски сигурно нема негативни ефекти”, вели тој.
Според него, баровите и рестораните во поголемиот дел на САД ќе бидат затворени додека влегуваме во овој бран и вели дека тоа е правилно.