Од утрово сите што влегуваат во скопското село Љубанци ги пречекува билборд во форма на претходното македонско државно знаме со сонцето од Кутлеш и со натпис „Добродојдовте во Љубанци, Република Македонија“.
Љубанци се наоѓа во северозападниот дел од скопската котлина, на десет километри од главниот град, а според последниот попис од 2002 година селото има 928 жители, од кои 912 Македонци.
Таму денеска во посета по повод празникот беа и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.