Бикоски го спаси Прилеп во последните секунди од пораз против аутсајдерот од Кисела Вода

Ракометарите на Прилеп и Јуниор Кисела Вода ги поделија бодовите во натпреварот од „плеј-аутот“ на македонската Суперлига. Мечот заврши со резултат 24-24 (11-11 на полувремето), резултат кој се чини дека е најреален, иако прилепчани очекуваа сигурни три бода од овој натпревар и обезбедување на сигурен опстанок во ракометната Супер лига.

Иако Прилеп имаше водство во првото полувреме и со три гола разлика во еден момент, гостите од Кисела Вода заиграа поцврсто во финишот на полувремето, па на пауза се замина со нерешен резултат.

Во вториот дел Јуниор играше уште подобро, па во еден момент имаа и водство од 22:24, но за среќа Прилеп возврати со два гола во последните минути, а голот за изедначување го постигна Христи Бикоски, буквално во последните секунди од натпреварот.

На две кола до крајот прилепчани имаат 21 бод на петтото место на табелата. До крајот избраниците на Реваз Чантурија играат со Куманово на гости и Голден Арт на домашен терен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.