Индиски бизнисмен кој што живее во Дубаи, на саботната аукција, издвои повеќе од 8 милиони евра за да ги купи регистарските таблички со бројот 5. На тој начин тој ја задоволува својата колекционерска страст.
“Сакам да собирам единствени регистарски таблички и многу сум горд што успеав да ја купам оваа на која пишува D5”, изјави Балвиндер Сахани.
Додаде дека бил подготвен да плати и повеќе, околу 50 или 100 милиони долари.
Сахани е сопственик на меѓународна компанија за промет со недвижности, а се пофали и дека минатата година купил регистарски таблички со бројот 9 за 6 милиони евра.
https://www.instagram.com/p/BLVXyW0gGRa/
МАРКУКУЛЕ.МК