Бидете внимателни: Фалсификувани банкноти од по 2000 денари “шетаат” низ Maкедонија

На 08.01.2020 во 17.40 часот во Полициската станица Берово, Б.З. и В.К., двајцата вработени во угостителски објект во Берово, С.О., вработена во казино во Берово, Н.Р. и нејзиниот син В.М., сопственици на колонијална продавница во Берово, сите од Берово, при примопредавање на дневен промет забележале сомнителни банкноти во апоени од 2.000 денари.

Од лицата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени шест банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

За настанот биле запознаени Основните јавни обвинителства во Берово и Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.