Бигорскиoт манастир на 18 октомври ќе прослави 1.000 години постоење

Во функција на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1.000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот Манастир, игуменот на ова древно светлште, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, имале средба со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

– Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид, нашиот Старец го запозна Митрополитот и побара благослов за предвидените активности, како и помош за подобра организација за што подостојно одбележување на оваа уникатна и мошне значајна годишнина – објавија од манастирот на нивниот веб сајт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.