Повеќе од 40 дена траат протестите за “Заедничка Македонија” во Прилеп. Протестите кои секоја вечер се се’ помасовни, го креваат градот на нозе и бликаат од македонштина.
Граѓаните и тука како и низ целата држава секојдневно го креваат гласот против угнетувачката платформа од Тирана, со која се погазува македонското етничко ткиво и македонската посебност.
Прилепчани и вечерва достоинствено и гордо излегоа на улиците и со патриотски пароли, гласно се спротивставија на сценариото за промена на македонските национални симболи.
Прилепчани побараа попис и нови избори за крај на политичката криза во Македонија.
Пред илјадниците граѓани вечерва се обратија и бившите градоначалници на градот херој, Илија Димоски – Шаторо, потомок на Методија Шаторов – Шарло и Глигор Иваноски.
Маршот “За заедничка Македонија” во Прилеп продолжува и утре, во 19 часот пред хотел “Липа”.
A.Г.