Tрет ден незадоволните граѓани од незаконските одлуки на Државната изборна комисија го изразуваат својот револт пред портите на оваа институција. Имено, ДИК вчера донесе одлука за поништување на гласањето на едно избирачко место во шестата изборна единица, а според граѓаните тоа значи директно крадење на волјата на гласачите.
Попладнево пред ДИК осамнаа транспаренти против американскиот амбасадор Џес Бејли, на кого граѓаните му порачаа: – “Бејли тргни ги рацете од Македонија”.
Денес ДИК одлучува по последниот приговор за изборите поднесен од СДСМ, а досега одби 7 приговори поднесени од политичката партија БЕСА, 5 од СДСМ, а два приговори беа повлечени.
На изборите во неделата победник беше ВМРО-ДПМНЕ со освоени повеќе од 454.000 гласови, речиси 18.000 гласови повеќе од СДСМ.
Фотографиите се преземени од Фејсбук