Наместо да биде урната, дивоградбата кај охридскиот Чинар од сношти е новоотворена пицерија – објави порталот “360 степени”.
Од вчера, Нефи Усеини освен советник од ДУИ во општина Охрид, стана и угостител – локалот „Луна“ почна со работа и покрај тоа што е дивоградба со решение за уривање.
Објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако е почната неговата изградба во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата. Усеини уште кога почна да го гради објектот доби решение од Општина Охрид дека има десет дена рок самиот да ги урне конструкцијата и платформата.
Во решението на Усеини му беше посочено дека има право на жалба, но дека таа не го одложува уривањето. Освен тоа, прекршоци му констатира и градежната инспекција, бидејќи тој нема одобрение за поставување урбана опрема за 2019 година, но и дека не поседува одобрение за градење на цврста градба во заштитеното градско подрачје.
Целиот текст прочитајте го ТУКА