🤰✨ БЕСПЛАТЕН ПРЕНАТАЛЕН СКРИНИНГ ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ ВО ПРИЛЕП
ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп за првпат воведува бесплатен пренатален скрининг за сите трудници.
Со ова, идните мајки ќе можат навремено и безбедно да направат проценка на ризикот за хромозомски аномалии и малформации, без потреба да одат во други градови и без дополнителни трошоци за приватни лаборатории.
🔬 Скринингот се изведува во:
✔️ Прв триместар
12–14 недела
✔️ Втор триместар
15–21 недела
Тестот е едноставен и безбеден и опфаќа:
• Крвна анализа
• Ехо преглед
Со него се добива проценка на ризик за:
• Трисомија 21 (Down синдром)
• Трисомија 18 (Edwards синдром)
• Трисомија 13 (Patau синдром)
• Спина бифида и други малформации
🧪 Во лабораторијата дополнително се достапни:
🔹 Спермограм
🔹 Витамин B12
🔹 Кортизол
🔹 Инсулин
🔹 Фолна киселина
🔹 Витамин Д
📄 За користење на услугата потребен е само упат од матичен гинеколог или специјалист, а со тоа се овозможува навремена грижа и поголема сигурност за здравјето на мајката и бебето.























