Бесни на Анѓушев и Сугарески поставија шатори пред Влада?!

Вработените од прилепски Еурокомпозит денес поставија шатори пред владината зграда каде ќе останат да кампуваат, бидејќи се уште нема решение за нивните проблеми.

Како што велат, од Владата добиле само ветување за решение на проблемот кој го имаат, но се уште ништо не се презема по нивното прашање.

Покрај шаторите, на протестот може да се забележат и транспаренти со следната порака: „Европо, Анѓушев не тера уште шест месеци да работиме без придонеси. Парадокс.“

Синдикалните организации денес од разни локации маршираа низ Скопје, а како крајна точка беше Владата.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски денеска ги достави барањата на синдикалците до Владата на Република Македонија.

– Ова е нов почеток на враќање на довербата во синдикалното движење. Ќе се справиме со сите што ќе ги издадат работничкото движење и Синдикатот, рече Димовски пред да ја достави и официјало Декларацијата со барањата до Владата.

– Протестираме против извршителите. Бараме итно стопирање на сите блокирани сметки на граѓаните и нов закон за извршување, рече Ана Глигорова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.