Иако БЕСА по испаѓањето од Прва лига, објави дека нема да се натпреварува во понизок ранг, сега екипата од гостиварско Добри Дол се премисли.
Тоа ќе значи дека останатите две места во Втората лига ќе мора да се поплат со ждрепка, иако претходно беше објавено дека до тоа нема да дојде, и сите третолигаши поразени во бараж натпреварите ќе се пласираат еден ранг погоре.
Во шеширот сега ќе се најдат екипите на Големо Коњари, Преспа и Осогово. Од нив две ќе бидат извлечени и ќе бидат второлигаши.
Ждрепката ќе се одржи денеска во просториите на ФФМ со почеток од 12 часот.
Да се надеваме дека една од екипите кои ќе бидат извлечени ќе биде токму ФК Големо Коњари, а прилепчани наредната сезона ќе имаат прилика по долго време да гледаат градско дерби.