Берзите “полетаа” по ова ветување на Италија !

Акциите на европските банки, а особено на италијанските, денес забележаа голем скок на вредноста, бидејќи италијанскиот министер за економија вети дека неговата земја ќе го задржи еврото.

Со тоа беше “тргната” загриженоста на инвеститорите од распаѓање на Еврозната и ја зголеми нивната доверба по “тешкиот” самит на Групата 7 во Канада.

Акциите на европските банки пораснаа за 2.1 проценти, што го подигна паневропскиот индекс STOXX 600 за 0.4 проценти, додека италијаскиот FTSE Mib скокна за 2.0 проценти, а шпаснкиот IBEX за 0.9 проценти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.